Паоло Бенто си замина од клупата на Јужна Кореја

Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Во иднина Паоло Бенто нема да биде селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја, неговиот натпревар против Бразил беше последен на клупата на оваа репрезентација.

На клупата на Јужна Кореја Бенто помина четири години откако дојде во 2018 година. Пласманот во осминафиналето за Корејците секако е добар резултат, а беа елиминирани од еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство.

Заминувањето на Бенто од клупата на Кореја не е поврзано со поразот на Корејците, својата оставка тој ја најави уште пред почетокот на турнирот.

Јужна Кореја беше втора репрезентација во тренерската кариера на Португалецот кој претходно од 2010 до 2014 ја водеше Португалија. На клупски план беше тренер на Крузеиро, Олимпијакос и Чонгинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот