Панчев: Не ни беше „дозволено“ да играме за титулата во 1992 година!

twitter.com/OldFootball11

Легендарниот напаѓач на Црвена Звезда, Дарко Панчев и освојувач на Купот на европските шампиони со „црвено-белите“ од 1991 година, истакна дека клубот и наредната година ќе играше финале, но тоа не им одговараше на првите луѓе на европскиот фудбал.

Поради санкцијата Црвена Звезда во сезоната 1991/92 мечевите ги играше надвор од границите на Србија, а Панчев жали поради тоа, како и поради забраната тогашна Југославија да учествува на Европското првенство во 1992 година.

twitter.com/framis74

– Натпреварувањето беше многу силно и беше тешко за нашиот тим сето време да игра надвор од Белград. УЕФА едноставно не ни дозволи втора година по ред да играме финале. Тоа би бил голем „удар“ за нив, бидејќи покажавме дека сме посилни од се, и покрај сите нивни санкции и законски неправди – изјави Панчев во интервјуто за „Спортал.бг“.

Имаше уште неправди со кои македонскиот фудбалер мораше да се соочи.

– Мислам дека е во ред најдобриот европски тим да го има и најдобриот играч и воедно и добитник на „Зланата топка“. За жал, во 1991 година тоа не се случи. Тоа е исто така последица на големото влијание на француските медиуми на УЕФА, но и Адидас кои заеднички ја доделуваат наградата. Наместо мене или Дејан Савичевиќ, „Златната топка“ отиде во рацете со Жан Пјер Папен. Неправда. Во спортот постои едно многу едноставно правило – златен медал не може да добие некој кој загубил одлучувачки меч – додаде поранешната „Златна копачка“.

фото: twitter/gazzetta.it

Тој ја објасни и ситуацијата со неговиот поранешен соиграч, Синиша Михајловиќ кој моментно боледува од леукемија.

– Сите бевме изненадени од неповолните вести за Синиша, но се надеваме дека повторно ќе победи. Тој беше еден одличен фудбалер, добар човек, а сега е и добар ментор. Мислам дека тој е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во фудбалската историја – се зборовите на славната „Кобра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот