Палестински милитанти истрелаа ракета кон Израел, па кажаа дека било грешка

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Од Газа денеска била истрелана ракета кон јужен Израел, но палестинските милитантни групи соопштија дека лансирањето било техничка грешка и оти примирјето со кое заврши петдневниот конфликт, постигнато еден ден претходно со посредство на Египет, сѐ уште е на сила.

Набргу потоа се слушнале експлозии во северниот дел на Појасот Газа. Палестинците известија дека Израел погодил во стражарска станица на милитантите. Засега нема потврда за ова од израелската армија.

Непосредно пред зајдисонце, сирени се огласиле во израелските градови во близина на границата, по што жителите избегаа во засолништа само 20 часа по стапувањето во сила на примирјето.

Израелската војска соопшти дека една ракета истрелана од Газа погодила отворена област.

Извор од заедничката оперативна соба на милитантните групи во Газа изјави дека ракетата била лансирана поради техничка грешка. Нема извештаи за повредени. јт/Фото: МИА Архива .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот