Овошје што ја чисти крвта, има само 43 калории

Фото: Профимедиа

Порано капините важеа за сезонско уживање, а денес во продавниците можеме да ги најдеме во текот на целата година. Покрај тоа што се вкусна закуска, имаат многу придобивки за нашето здравје благодарение на бројните хранливи материи што ги содржат, утврдила клиниката Кливленд. Како што објаснуваат диететичарите, капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданти.

Овие хранливи состојки се неопходни за одржување на добро здравје, а новите истражувања покажуваат дека антиоксидантите во капините можат да го намалат воспаленијата и да спречат многу болести, вклучувајќи го и ракот. Капините исто така се нискокалорични, а еден грст содржи само 43 калории.

Експертите велат дека оваа намирница треба да се консумира што почесто, пред сè, поради нејзините здравствени придобивки.

Придобивките што ги носи редовното консумирање капини се следните:

– Намалување на воспаленијата во телото
– Забрзување на метаболизмот
– Поттикнување на губење на тежината
– Ја чистат крвта
– Го ублажуваат лошото варење
– Го намалуваат ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем

Освен како здрава ужина, капините се одлични и како додаток на јогуртот за појадок или овошната салата за вечера.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот