Овие намирници може да предизвикаат болка кај артритисот

Фото: Профимедиа

Многу луѓе живеат со артритис и други проблеми со зглобовите, а во прашање е состојба која може да предизвика болка, оток и воспаление, како и проблеми со подвижноста. Иако сѐ уште нема лек за артритис, постојат начини за справување со симптомите, пишува „Експрес“.

Како и многу здравствени состојби, исхраната може да игра улога во ублажување или влошување на одредени болести.

„Иако генетските фактори се важни, студиите покажуваат дека начинот на живот, вклучително и исхраната, имаат важна улога. Ако имате ревматоиден артритис, промената на исхраната би можела да помогне, а можеби дури и целосно да ја елиминира болката. Во истражувачките студии, многу луѓе кои исфрлиле одредена храна која е активатор (предизвикувач), откриле дека нивната болка се намалува или исчезнува“, велат од Комисијата за лекари.

Веројатно причината е што одредена храна предизвикува воспаление во зглобовите.

„Кога ќе исчезне таа храна, исчезнуваат и воспаленијата. Испитувањето на повеќе од 1.000 пациенти со артритис покажало дека црвеното месо, шеќерот, мастите, солта и кофеинот најчесто ја влошуваат состојбата“, наведува Комисијата на лекари.

Тие ги наведуваат дека јаболката и доматите како „вообичаени предизвикувачи на болка“ што треба да се избегнуваат. И јаболката и доматите содржат соланин, гликоалкалоиден отров.

Студијата објавена во „Арапски весник за нуклеарни науки и апликации“ (Arab Journal of Nuclear Sciences and Applications) во 2013 година ја разгледувала врската помеѓу соланин и артритис.

„Соланин е отровно соединение кое се произведува во растенија како што се компири, домати и модри патлиџани кога се изложени на светлина. Истражувањето е спроведено на 18 женски албино стаорци во постменопауза за да се истражи ефектот на соланин врз симптомите на ревматоиден артритис. Податоците од оваа студија покажаа дека постарите и луѓето во постменопауза кои страдаат од артритис и отечени зглобови треба да ги елиминираат или избегнуваат овие билки за да ги ублажат болките во зглобовите и да го намалат уништувањето на ткивото“, заклучила студијата.

Меѓутоа, тоа тврдење го довеле во прашање други здравствени тела. Здружението за артритис на Канада препорачува да видите како вашето тело реагира на храна која содржи соланин.

„Иако истражувањето не утврди врска помеѓу овие билки и воспалението, некои луѓе со артритис пријавуваат влошување на симптомите по јадењето на овие зеленчуци и овошја“, пишува „Бизнис журнал“.

Ако мислите дека тие влијаат на вашите симптоми или на друг начин прават да се чувствувате лошо, можете да се обидете да ги исфрлите од вашата исхрана две недели.

„Полека повторно воведувајте ја храната една по една со растојание од два или три дена“, стои во препораките.

Други намирници кои содржат соланин се: компири, модар патлиџан и пиперки.

Затоа, ако сакате да ги олесните симптомите на артритис, можеби решението лежи во елиминирање на намирници што редовно ги консумирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот