Отпочна со работа Правната клиника на Универзитетот на Југоисточна Европа

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со свеченост беше означен почетокот на работата на Правна клиника, чие функционирање е во рамките на Правниот факултет и е поддржана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

– Среќна сум од три причини што сум тука. Првата е историскиот момент што се отвора прва ваква Правна клиника, втората за тимот кој ја создаде и третата причина е тоа што САД даваат широка поддршка за развој на владеењето на правото, особено кај следните генерациии на Северна Македонија- истакна пред студентите амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс.

Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ Абдулменаф Беџети рече дека поддршката од САД е важна затоа што со тоа прават напори да бидат изградени уште посилни капацитети на Универзитетот.

– Како Универзитет се обидуваме да научиме и од американскиот наставен систем за да имаме поинаков менталитет. Една четвртина од наставниот кадар стекнува искуство на американските универзитети кое потоа го пренесуваат тука, истакна Беџети.

Правната клиника ќе биде место за практична работа на студентите затоа што, како што рече професорот Аднан Јашари, не е доволно само теоретска наставата и знаења туку и пракса за да се имплементираат тие познавања. Амбасадорката Брнс одржа и предавање за студентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот