Откажани штрајковите на железничарски и поштенските работници

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Планираните штрајкови на британските железничарски и поштенските работници се откажани поради смртта на кралицата Елизабета Втора.

Членовите на синдикатот RMT требаше да излезат на улиците на 15 и 17 септември, по долготрајниот спор околу платите и работните места.

Здружението на вработени во транспортот, исто така, ги откажа планираните штрајкови.

Во меѓувреме, членовите на Синдикатот на комуникациските работници требаше да продолжат со 48-часовниот протест утре – но и ова е откажано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот