ФОТО | Откако распродаде неколку арени, Прија подготвува уште еден спектакл! Александра објави каде ќе пее за Нова година

Александра Пријовиќ
Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Српската фолк пејачка во изминатиот месец ги полни регионалните медиуми поради т. н. феномен – распродавајќи пет концерти во загрепската Арена.

Александра Пријовиќ, која инаку е снаа на Лепа Брена, сега преку својот инстаграм-профил ги извести бројните обожаватели дека за Нова година ќе можат да ја слушаат во Белград.

Пејачката Александра Пријовиќ забележа голем успех со трите концерти што ги одржа во арената во Белград, а интензивно се подготвува и за концерти во Босна и Херцеговина, Ниш и Загреб.

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра за кратко време стана една од најбараните, но и најплатените пејачки од српската сцена.

Прија сега ја сподели веста на својот инстаграм-профил, што без сомнение ги израдува сите нејзини обожаватели.

По низата распродадени влезници за концертите, Александра ќе пее за Нова година во Сава центар во Белград.

Српските медиуми пишуваат дека сите кои биле спречени да присуствуваат на некој од нејзините концерти или пак, сакаат да уживаат во нејзиниот глас, тоа ќе можат да го направат на 31 декември.

„Сава центар, Белград. Со нетрпение очекувам да ја дочекаме Новата година заедно!“, напиша Александра на својот профил.

Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Снаата на Лепа Брена за првпат објави толку жешка фотка: Александра Пријовиќ се заврте со грб кон камерата! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот