Откако не доби виза за САД, Ѓоковиќ повторно ги посети пирамидите во БиХ

Новак Ѓоковиќ во посета на пирамидите во БиХ/принтскрин/Инстаграм

Новак Ѓоковиќ паузата поради неиграњето на двата мастерс турнири, Индијан Велс и Мајами, бидејќи властите во САД не му дадоа виза, ја искористи заедно со сопругата Јелена и децата да ги посети пирамитите во Босна и Херцеговина.

Ова е петти пат Ѓоковиќ да ги доаѓа во посета во пирамидите што се наоѓаат во Високо. Новак заедно со неговите домаќини, Сабина и Семир Османагиќ замина во посета на праисторискиот подземен комплекс на тунели, а го посети и археолошко-туристичкиот парк „Равне 2“.

Новак и Јелена во Високо се очекува да останат само за викендов по што српскиот тенисер ќе ги започне подготовките за настапот на мастерсот во Монте Карло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот