Осумнаесетгодишник ќе му се придружи на Безос на лет во вселената

Фото: Профимедиа

Осумнаесетгодишниот Оливер Даемен ќе стане најмладиот астронаут во историјатa. На 20 јули, а заедно со американскиот милијардер Џеф Безос ќе полета на првиот лет во вселената на вселенското летало на компанијата Безос, Блу Ориџин.

Компанијата изјави дека тој ќе биде првиот клиент што ќе плати, но не ја соопшти цената на билетот.

Победникот на аукцијата, кој плати 28 милиони долари за местото, сака да остане анонимен и ќе патува на некоја идна мисија, соопшти компанијата.

На првиот лет со патници на Блу Ориџин, покрај Џеф Безос, ќе бидат и неговиот брат Марк и Воли Фанк (82), кој ќе биде најстариот астронаут во историјата.

Четворицата ќе полетаат од Западен Тексас со ракетата „Њушепард“,  на десетминутен лет.

„Оливер претставува нова генерација луѓе, кои ќе ни помогнат да изградиме нов пат кон вселената“, рече Боб Смит, извршен директор на компанијата.

Оливер Даемен дипломира во 2020 година и поседува лична дозвола за пилот.

Даемен уште од својата четиригодишна возраст е фасциниран од вселената, Месечината и ракетите, а овој лет е остварување на неговиот сон.

Тој има намера да студира физика и управување со иновации на универзитетот Утрехт во Холандија од септември.

Компанијата не прецизираше од која држава е, но на нејзиниот јавен профил на Инстаграм има претежно коментари напишани на холандски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот