Осумгодишник е жртвата, силувачите нема да одговараат зашто имаат 10 и 13 години

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Осум години е возраста на детето кое било сексуално малтретирано од две други деца, кои грозоморниот чин го снимале со мобилен телефон, а потоа видеоснимката ја праќале на свои познаници, објави „Телма“, повикувајќи се на извори од истрагата.

Откако дознала за грозоморното изживување, мајката на детето случајот веднаш го пријавила во полициската станица „Бит-пазар“. Двете осомничени деца се на возраст од 10 и 13 години.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека со малолентиците бил извршен информативен разговор во полициската станица, во присуство на нивните родители. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски , денеска во изјава за „Телма“ вели дека случајот е документиран, поднесена е соодветна пријава, а целиот случај сега е во надлежност на ОЈО Скопје и Центарот за социјални работи.

– Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица е извршен  службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за малолетници кои се под 14 години. Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи – вели Ангеловски.

Од Обвинителството велат дека се известени за настанот, но бидејќи станува збор за деца помлади од 14 години, против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност и за случајот ќе постапува Центарот за социјални работи.

– Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот. Пријавените деца се помлади од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го повери случајот – информираат од ОЈО Скопје.

Од Центарот за социјални работи за телевизијата изјавиле дека веднаш разговарале со децата и дека отсега Центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.

Од МВР додаваат дека не станува збор за прв ваков случај и во генерална смисла апелерираат до родителите повеќе да внимаваат на активностите на нивните деца на социјалните мрежи.

Двајца тинејџери од Скопје сексуално малтретирале врсник, ужасниот чин го снимиле и го споделувале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот