Осум златни правила за здрав имунитет

Ако до пандемијата на коронавирусот не размислувавте многу за имунитетот, денес сигурно се прашувате како да го зајакнете, со оглед на тоа што експертите постојано наведуваат колку е тој важен во борбата против овој упорен вирус.

Имунолошкиот систем е армија составена од одбранбени клетки чија задача е да го бранат телото од напаѓачи.

Насекаде околу нас се потенцијални напаѓачи на здравјето на нашиот организам кои можат да се наоѓаат во домот, на нашите раце, во големи градинки, училишта, деловни објекти…

Без да навлегуваме во детали за функционирањето на имунолошкиот систем, накратко ќе кажеме како тој  врши огромна работа кога станува збор за одбрана од микроорганизми кои предизвикуваат настанување на болести и со помош на стручњаците од порталот Harvard Medical School како да го зајакнете за сезоната кога покрај споменатиот вирус, се закануваат и настинки и грип.

Имунолошкиот систем и возраста

Како што старееме, така се намалува способноста на имунолошкиот систем, што придонесува за развој на некои сериозни болести, како што се тешки инфекции и рак. Додека некои луѓе ќе останат целосно здрави и во старост, сепак ова е група луѓе кои полесно ќе се заразат, но за жал, може и да умрат од последиците. Болестите на респираторниот систем како што се грип, ковид-19 или пневмонија сè уште се една од водечките причини за смрт кај луѓето над 65-годишна возраст.

Во оваа ситуација, се чини дека постои врска помеѓу лошата исхрана и слабиот имунитет. Недостатокот на микронутриенти е она што се забележува кај постарите, а се чини дека и тие јадат помалку и не внимаваат исхраната да биде разновидна.

Исхрана и имунолошкиот систем

Имунитетот секогаш ќе инвестира многу енергија во здравјето на дигестивниот систем, што е исклучително силна сила за заштита на здравјето на целиот организам, затоа исхраната е многу важна за зачувување на силата на имунолошкиот систем. Научниците одамна го препознаа фактот дека луѓето кои живеат во сиромаштија се многу поподложни на заразни болести. Во моментов постојат докази дека недостатокот на микронутриенти, како што се цинк, селен и железо, и витамини А, Ц и Е кај животните го менува имунолошкиот одговор, дали тоа е случај кај луѓето, останува да се види.

Што можете да направите? Ако се сомневате дека вашата исхрана не му го обезбедува на телото она што му е потребно, размислете да земете мултивитамин, бидејќи земањето само еден витамин нема да донесе голема корист.

Дали суплементите и билките можат да го зајакнат имунитетот?

Влезете во само една продавница за здрава храна и ќе видите многу шишиња и апчиња кои велат дека го зајакнуваат имунолошкиот систем. Иако некои препарати содржат компоненти кои се корисни за здравјето, досега нема докази дали тие навистина му помагаат на имунолошкиот систем. Научниците не знаат дали растение за кое се смета дека го зголемува нивото на антитела во крвта, всушност може да направи нешто корисно за имунолошкиот систем.

Дали стресот е навистина опасен?

Меѓутоа, модерната медицина прифатила дека телото и духот се поврзани. Различни проблеми, како што се варење, несоница, па дури и срцеви заболувања, се поврзани со влијанието на стресот врз телото. И покрај сите пречки, научниците не се откажуваат од дополнително докажување на влијанието на стресот врз имунолошкиот систем. Исто како и зајакнувањето на имунолошкиот систем, стресот е поим кој е тешко да се дефинира, а она што е многу стресен настан за една личност не мора да значи дека ќе го има истиот ефект врз вас.

Кога човек е изложен на непријатна ситуација, на научниците им е тешко да го измерат субјективниот впечаток на личноста за стресот, па затоа се фокусираат на работи кои можат да го откријат, како што се отчукувањата на срцето, забрзаниот говор… Концентрирани на хроничниот стрес кој во нечиј живот се задржува подолг период, се обидуваат да дознаат дали овој тип на стрес е одговорен за слабеење на имунолошкиот систем, а и покрај тешкотиите, конечните резултати во брзо време ќе бидат пред нас.

Дали настинката предизвикува послаб имунитет?

Сигурно ви е позната фразата „Облечи палто за да не настинеш“. Но, не е баш точна бидејќи умерената изложеност на студ нема да влијае на тоа како организмот се бори против инфекциите.

Вежбање: Добро или лошо за имунитетот?

Редовното вежбање е столб на здравјето, го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува крвниот притисок, помага во одржување на телесната тежина и штити од разни болести. Но, дали му помага на имунолошкиот систем да функционира? Исто како правилната исхрана, физичката активност може да придонесе за целокупното здравје и затоа е добра за одржување на правилното функционирање на имунолошкиот систем. Тоа директно ќе помогне со стимулирање на циркулацијата, што им овозможува на клетките и супстанциите на системот слободно да се движат низ телото и да ја вршат својата работа без пречки.

Златни правила за здрав имунитет

– Не пушете
– Јадете многу овошје и зеленчук
– Редовно вежбајте
– Одржувајте здрава телесна тежина
– Ако пиете алкохол, не претерувајте
– Спијте доволно
– Внимавајте на личната хигиена
– Избегнувајте стрес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот