Осум казнени налози од ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд -Скопје

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

-Сите обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во градот, инстакнуваат од обвинителство.

Јавните обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за обвинетите лица да изрече парични казни од 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот