Останете подолго млади со овие четири намирници

Авокадото е богато со влакна, калиум, витамините Е и Б и фолна киселина, па така му помага на крвниот систем, ја стимулира работата на мозокот и лекува артритис. Ова е список со намирници со кои подолго ќе се чувствувате млади.

Авокадо

Авокадото содржи и олеинска киселина која ја одржува мекоста и хидратацијата на кожата.

Боровинки

Боровинките се богати со витамините Б2, Ц и Е. Витамините Ц и Е се борат протов штетните слободни радикали, а бобичестото овошје е добро за холестеролот, концентрацијата, запекот и воспалението на уринарниот тракт.

Шипки

Богати се со антиоксиданси, а фитохемикалиите кои ги содржат создаваат серотонин, хормон на среќа. Освен тоа, оваа намирница го зголемува и производството на колаген и го намалува UV оштетувањето.

Лубеница

Содржи високо ниво на витамините А и Ц, калиум и магнезиум. Оваа намирница делува како диуретик, бидејќи ја стимулира работата на бубрезите, го одржува притисокот, ги ублажува воспалителните состојби. Лубеницата е полна со ликопен, кој помага во спречувањето на UV оштетувањето кое предизвикува брчки и сува кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот