Осомничен бомбаш самоубиец за нападите во Шри Ланка снимен само неколку моменти пред експлозијата (ВИДЕО)

Денеска во медиумите беше објавена снимка од потенцијален извршител на еден од терористичките напади на Шри Ланка.

На снимката, направена неколку секунди пред нападот, се гледа како темнокос маж, со голем ранец, оди кон црквата.

Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападите на Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 320 лица.

Бројот на загинати во бомбашките напади во Шри Ланка се зголеми на 321, а повеќе од 520 се повредени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот