Османи: Сестра ми е вработена во М-НАВ 12 години пред да станам министер за надворешни работи

М-НАВ/ Фото: Архива на Слободен печат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека нема никаква улога во вработувањето на неговата сестра во М-НАВ бидејќи таа работи таму повеќе време отколку што е тој министер.

– Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. И оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас истото образложение го давам. Меѓутоа, очигледно изборите го прават тоа така што ќе играме по тие ноти, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани.

Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

КОД: Семејни стебла во М-НАВ, неколку министри и поранешен пратеник вработувале роднини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот