Османи по земјотресот на Самос: Подготвени сме да помогнеме

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Подготвеност за помош до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, изрази министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, преку неговиот официјален „Твитер”,  по земјотресот на Самос, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, Османи изрази и жалење и сочувство за загинатите на грчкиот остров.

-По разорниот земјотрес во Егејското Море, со тага ја примив веста за загубата на животите на Самос, Грција. Сочувство до семејствата на загинатите. Никос Дендиас и Милитиадис Варвициотис, подготвени сме да помогнеме, напиша доцна синоќа Османи.

Подготвеност за помош, шефот на македонската дипломатија, претходно изрази и до неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, а изрази и жалење за жртвите во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот