Османи го копира Рама: „МКарта“ копија на „Подготвени за Албанија“

Бујар Османи/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Проектот „МКарта“, кој завчера го презентираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, е копија на проектот што на 18 мај годинава го промовираше премиерот на Албанија Еди Рама под наслов „Подготвени за Албанија“ .

Овој проект, како што објасни Османи, има за цел да ги интегрира успешните луѓе во дијаспората во општеството на Северна Македонија.

– Постојат научници, спортисти, уметници, бизнисмени кои живеат и работат во различни земји во светот, но кои имаат потенцијал да ја развијат нашата земја. Одливот на мозоци може да го претвориме во циркулација на мозокот – истакна Османи.

Според Османи, „МКарта“ ќе биде влезница за нашата диаспора за воспоставување деловни активности, поддршка од институциите за нивниот развој, како и финансиска помош за нивни инвестиции во земјава. Комисиија при МНР ќе прави проценка на лицата на кои ќе им биде дадена ова специјална карта, врз основа на предлози од нашите дипломатски конзуларни преставништва.

Сличен проект на 18 мај годинава промовираше и премиерот на Албанија Еди Рама. Неговиот проект беше отворен повик до сите одлични студенти во странство да помогнат во работата на неговиот кабинет. Рама изјавил дека е многу охрабрен од бројот на заинтересираните за овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот