Орбан: ЕУ да ги плати сите средства наменети за Унгарија, па потоа ќе поддржиме помош за Украина

Виктор Орбан и Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Владата во Будимпешта нема да го поддржи новиот пакет помош од ЕУ за Украина се додека ЕУ не ги плати сите средства наменети за Унгарија кои беа замрзнати од Европската комисија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската комисија оваа недела се согласи да ослободи третина од околу 30 милијарди евра (33 милијарди долари) замрзнати поради загриженоста за владеењето на правото и корупцијата, откако Унгарија направи промени во судството, зајакнувајќи ја независноста на судовите.

Орбан изјави дека на следниот состанок, кој ќе се одржи на почетокот на следната година, ќе побара од лидерите на ЕУ да ги одобрат сите унгарски средства, пред да го разгледаат пакетот од 50 милијарди евра за Украина.

„Ова е одлична можност Унгарија да стави до знаење дека мора да добие се што ЕУ и должи“, изјави унгарскиот премиер, пренесе Блумберг.

Иако Унгарија се воздржа од гласањето за преговорите за членство во ЕУ со Украина, Орбан останува против одлуката и е подготвен да стави вето на пристапувањето на Украина во подоцнежната фаза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот