Општина Тетово направи законски прилагодувања и најавува поефикасно справување со сивата економија

Фото: Тетовоинфо.мк

Со новата одлука која ја донесе Советот на Општина Тетово неделава се прилагодува правилникот за работа на Општинскиот инспекторат со Законот за комунални дејности па од таму уверуваат дека тоа ќе придонесе за поефикасно справување со узурпацијата на јавните површини, а пред се со нелегалната трговија преку импровизирани тезги.

Иако често пати Општина Тетово преку социјалните мрежи информира дека се преземаат акции за ослободување на јавните површини од импровизирани тезги, сепак продавачите се враќаат и продлжуваат со нелегална трговија и т.н. сива економија.

Раководителот на Општинскиот инспекторат Абдулгани Алији уверува дека токму најновата одлука ќе им помогне на инспекторите освен да казнуваат и да имаат и ефективна промена на терен.

Сега инспекторите освен пишување казни ќе имаат можност и да ги одземаат (конфискуваат) производите кои се нудат за продажба од импровизирани тезги, но и други потези, како отстранување на своеволно поставени рампи, реклами, киосци и слично.

– До денес не сме имале право на продавачи кои продаваат на пат да ги казниме и да им ја земеме робата, сега со ова што сме го измениле во Советот имаме право да преземеме мерки како инспектори за комунална дејност. Имаат право да казнат на самото место инспекторите и имаат право да земат роба за да ја носат во магацин за да не излезе повторно продавачот да продава. Претходно, имало само 50 евра казна и не можеше да се преземе мерки. Сме барале асистенција од пазарна инспекција. Некој пат, излегувале на терен во меѓувреме во тие моменти продавачите не биле на тие места. Ние сме правеле некоку координативни активности со пазарна инспекција и полиција, но некогаш ги имало, некогаш ги немало тие продавачи. Сега има право на земање на роба и казна од 50 евра. Имаат право да им конфискуваат работи што се без дозволи на јавни површини, брифираше раководителот на инспекторатот Алији.

На новинарско прашање дека има места во градот каде продавањето од импровизирани тезги, како оние со цигари, кои никогаш не биле отстранувани, Алији уверува дека продавачите вешто ги избегнуваат инспекторите.

–Тие имаат многу помалку роба и секогаш кога ние сме на терен, тие бегаат. Овие што имаат повеќе роба, немаат кај да бегаат и инспекторот ги зема податоците и ги казнува. Да би имале комунална полиција не би имале потреба секој пат да се обратиме до полиција. Ние имаме редари. Ако се изгласа законот за комунална полиција, редарите ќе ни бидат како полиција и тогаш може да се преземат мерки кај што ние треба, со комуналната полиција немаме потреба да бараме асистенција од полиција. Но тој закон е надлежност на централната власт, вели Алији.

Раководителот на инспекторатот уверува дека имаат и малку инспектори за борба со сивата економија. Информираше дека инспектори со лиценци имаат 16, а според систематизација треба да бидат над 40. На обука за инспектори која треба да трае 12 месеци сега се наоѓаат четири луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот