Општина Тетово: Kазината ќе плаќаат 20 пати повисока такса за изнајмување билборди, целта е да се спречи ширењето на овој бизнис

Тетово, „македонски Лас Вегас“ / Фото: Слободен печат, Елисавета Бејкова

Објектите каде се приредуваат игри на среќа како казината и спортските обложувалници ќе плаќаат за 20 пати повисока комунална такса за изнајмување на рекламни билборди, за разлика од другите дејности кои се рекламираат.

Така одлучил Советотот на Општина Тетово, по барање на советниците на опозицијата.

Претседателот на Советот на Општина Бесарт Дурмиши вели дека и претходно казината и обложувалниците плаќале повисока комунална такса, но сега опозицијата побарала повторно зголемување.

Ова барање го прифативме, оти целта ни е во самиот град, да нема објекти каде се приредуваат игри на среќа.

„Комуналната такса за рекламните билборди за објектите каде се приредуваат игри на среќа била и претходно повисока за 10 пати, за разлика од другите дејности кои се рекламираат, но сега опозицијата бараше да биде повисока 20 пати и ние тоа го прифативме. Мислиме дека на овој начин ќе се намалат ваквите дејности. Сите законски мерки кои ги имаме ќе ги преземеме за да ги остраниме објектите каде се приредуваат игри на среќа од самиот град. Ова е првиот чекор за да се оневозможи ширењето на овој бизнис“, вели Бесарт Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

Инаку денеска од Движењето Антикоцкање реагираа на вчерашното соопштение на Здружение „Сакам да Работам“ од каде истакнаа дека се огорчени што надлежните државни институции никогаш не почувствувале потреба да застанат во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос.

„Се решивме да ви одговориме бидејќи имаме почит за вашето име „Сакам да работам“, интересно име, но навистина фатете се за работа немојте да фантазирате,ви препорачуваме да не користите само дурбии за гледање далеку, туку добро ќе биде да користите и огледало. Немојте да мислите дека парите се оска на животот,немојте да се служите со лаги,измислици, обвинувања и клеветење. Разбудете се и знајте дека кој му робува на гревот, гревот него го поробува, во овој свет има и чесни луѓе. Ви препорачуваме освен спортскиот билтен да ја читате приказната за волкот и овцата. Отпор против игрите на среќа имало секогаш и ќе има, меѓутоа вие не гледате преку срцето и душата и не ви работи совеста, туку вие функционирате само преку интерес за лични и групни придобивки“, се вели во дел од соопштението на Движењето Антикоцкање.

Владата неодамна предложи закон, со кој се предвидува казината и обложувалниците да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.

Станавме Лас Вегас, законските имени не смеат да останат само на хартија, велат од „Антикоцкање“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот