Општина Карпош: Граѓаните да бидат спокојни, завршено е времето кога ДУП – овите се носеа на сила

Стефан Богоев / Фото: Општина Карпош

Целосно се испочитувани одредбите од членот 20 од Законот за урбано зеленило, во постапката за носење на ДУП – от за Градска четврт З04 Блок 2, како и одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, велат во соопштение од Општина Карпош.

-Со него се предвидува во секоја градежна парцела да се испочитува законската одредба за најмалку 20 % зеленило. Ова е посочено во општите и посебните одредби, за секоја градежна парцела поединечно, во текстуалниот дел од ДУП – от (достапен на веб страната, www.karpos.gov.mk, во делот „Огласна табла”). Во прилог се извадоци од горепосоченото. При реализацијата на ДУП – от, сите страни (и општината и потнцијалните инвеститори) се должни да ја испочитуваат законската регулатива пропишана во планот, да имаат најмалку 20 % зеленило во рамки на градежната парцела. Во спротивно, нема да можат да се стекнат со градежно – техничка документација (одобрение за градба)- стои во соопштението.

Јавната анкета за посочениот план трае до 15.06.2020 година, секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот, во просториите на Општина Карпош (барака 2). Тоа значи дека секој засегнат граѓанин може да поднесува анкетни листови со свои забелешки и сугестии.

-Урбанистичко – планската документација во Карпош се носи согласно важечките закони, со значително поголема отвореност и транспарентност од минатото. Граѓаните и сите општествено – политичките субјекти да бидат спокојни. Завршено е времето кога ДУП – овите се носеа на сила, а јавниот простор беше узурпиран- стои во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот