Општина Дебар ќе ги награди пожарникарите со по 10.000 денари

Пожарникари/ Фото: Архива на Слободен печат

Советот на општина Дебар на денешната 52-ра редовна седница, покрај другото, донесе едногласна одлука, со која дебарските пожарникари ќе бидат наградени со по 10.000 денари.

Наградите се по предлог на градоначалникот Хекуран Дука, а средствата се од резервите на буџетот на општината за 2021 година.

– Тие се нашите херои, кои не само што гаснат пожари и реализираат и други технички интервенции, максимално беа и се ангажирани и во дезинфекција на територијата на градот и населените места, поради пандемијата со Ковид-19. За она што тие го прават оваа награда е можеби малку, но сакавме да покажеме почит и внимание, за она што го прават за општината и пошироко, изјави за МИА, Башкил Машкули, претседател на Советот, по седницата.

Дебарската територијална противпожарна единица, освен во оваа, интервенира и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. По потреба, од хуман аспект, во договор со локалната власт интервенира и во пограничните албански населени места.

Советниците ги разгледаа и усвоија и годишните извештаи за минатата и програмите за работа за оваа учебна година на Средното општинско училиште „28 ноември” и детската градинка „Брешиа”.

Донесени беа и неколку други одлуки, меѓу кои и за отстапување на времено користење на возило „мерцедес бенц спринтер” на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потрби. Без надоместок возилото се отстапува за период од три години.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот