Општина Центар: Не е точно дека дрвата ги исековме поради паркинг или згради

За 20 проценти општина Центар ќе го зголеми зеленилото долж улицата „Орце Николов“, а на местото на исечените дрва ќе се насадат нови, информира портпаролот на Општината, Емил Лазаревски.

Тој денеска во Утрински брифинг рече дека сечењето на дрвата на „Орце Николов“ не е поврзано со реконструкцијата на улицата и нема местото да биде искористено за паркинг или коловоз.

– Погрешен наратив се создаде во јавноста поради исечените дрва на „Орце Николов“. Се зборуваше дека дрвата се исечени за да се прошири улицата, за да се направат паркиралишта или згради, но ништо од тоа не е точно. Станува збор за една редовна обнова на дрворедот, сметавме дека реконстукцијата на улицата е добра прилика да се направи обнова на дрворедот. Исечени дрва беа стари и делумно исушени. Ги уверувам граѓаните дека на тоа место ќе бидат засадени нови дрва, во соработка со „ЈП Паркови и зелченило“ кои имаат шумарски инженери, вели Лазаревски и нагласува дека со новиот проект зеленилото на „Орце Николов“ е зголемено за 20 проценти.

Тој вели дека конечната реконструкција на улицата „Орце Николов“ ќе се случи во септември.

– За неколку дена ќе заврши втората фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“. Веднаш потоа продолжуваме со третата фаза и сметам дека на есен веќе ќе бидат завршени градежните работи, а граѓаните ќе добијат една нова и модерна сообраќајница со велосипедски и пешачки патеки, и со подигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот, додава Лазаревски.

Во тек е и повикот за санација на покриви и лифтови во станбените згради за што Општината има предвидено околу 2,3 милиони денари.

– Со ребалансот на Буџетот се донесе одлука за распишување на јавниот повик за санација на покриви и лифтови. Во изминатите три години субвенцонирани се 77 покриви и лифтови. За да може еден куќен совет да аплицира за добивање финансиски средства, треба лифтот да биде неисправен а покривот оштетен. Комплентната документација може да се достави до Архивата во Општината. Доделувањето на средствата ќе се одвива по принципот прв дојден прв услужен. Предвидени се околу 2,3 милиони денари. Општината финансира 30 проценти од вкупната вредност на санацијата, а остантите 70 проценти треба да ги обезбеди заедницата на станари, рече Лазаревски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот