Општина Центар: Една година успешна работа на културно-социјалниот простор Јадро

КСП „Центар-Јадро“ е формиран по моделот на „Погон“, центарот за независна култура и млади од Загреб (фотографија од прес-конференцијата со која официјално беше отворен КСП „Центар-Јадро“ во Скопје)

Општина Центар соопшти дека новоотворениот културно-социјален простор Јадро работи успешно година дена и оти и во вонредни околности организирани се повеќе успешни проекти од областа на културата.

– И покрај вонредните услови за работа наметнати од глобалната пандемија од Ковид-19, КСП-ЈАДРО реализираше девет програмски линии и седумдесет содржини според Годишната програма за работа за 2020 година, а покрај тоа овозможи и бесплатно користење на просторот за осумдесет работно продукциски термини и реализација на програмски активности за повеќе од триесетина корисници од пошироката уметничка заедница, независната културна сцена и граѓанскиот сектор, се наведува во соопштението.

Програмските активности вклучувале предавања, интердисциплинарни работилници, изложби, поетски и литературни читања, театарски и танцови истражувања и перформанси, филмски дебати, музички концерти и проекти во областа на архитектурата, фотографијата и дизајнот.

Дел од проектите што се реализирале со поддршка од Швајцарската амбасада и Министерството за култура се осум концерти на млади соло музичари и бендови, самостојна изложба „Идиоми” на уметникот Филип Велковски, театарска работилница за млади ентузијасти на тема „Граници”, авторска претстава „Нови мерки, старо другарство” под слоганот-Гледај театар од тераса, десетмесечен бесплатен курс за аудио продукција под менторство на Владимир Аговски и изложба на муралот на младиот уметник Сали Ертунч, насликан на фасадата на Културно социјалниот простор-ЈАДРО.

Следен проект што ќе се реализира во рамки на КСП-ЈАДРО е проектот „Домашна работа, наша работа” на уметницата Кристина Божурска, кој ќе се реализира под менторство и во соработка со кураторот од Словенија, Теуш Логар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот