ОН: Во последните 10 години над 100.000 цивили се убиени или повредени во Авганистан

Фото Арихва на СП

Во последните десет години во Авганистан се убиени или повредени повеќе од 100.000 цивили, се наведува во најновиот извештај на ОН.

– Речиси нема цивил во Авганистан кој не е лично засегнат на некој начин од насилството во земјата, изјави Тадамичи Јамамото, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Авганистан, во врска со извештајот.

– Апсолутно е императив сите страни во конфликтот да ја искористат можноста да ги прекинат борбите; мирот е одамна задоцнет; животот на цивилите мора да се заштити и се водат напори за постигнување мир, додаде Јамамото.

Извештајот е објавен денеска од Мисијата на ОН за помош на Авганистан. Тоа се случува во момент кога на полноќ стапи во сила седумдневниот договор за „намалување на насилството” меѓу САД и талибанците.

Делумното примирје го отвора патот на 29 февруари во Доха да биде потпишан мировен договор, со кој се очекува Вашингтон да стави крај на најдолгата војна во американската историја, да се повлечат американските трупи и да ги принуди завојуваните Авганистанци да почнат преговори за иднината на својата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот