ОН: Израелците ги злоставуваат палестинските затвореници во Газа

Фото: Архива

Високиот претставник на ОН за човекови права во Газа, Аџит Сунгај, го обвини Израел за злоставување на палестински затвореници во Појасот Газа, велејќи дека запознал луѓе кои му кажале дека со недели биле држени во заробеништво, биле тепани и чувани со врзани очи, а некои биле пуштени само во пелени.

Сунгај на новинарите во Газа им соопшти дека не се знае точниот број на притворени Палестинци од почетокот на воената операција на Израел во Појасот Газа, што почна по нападот на Хамас врз југот на земјата на 7 октомври, но додаде дека станува збор за илјадници.

-Тоа се луѓе кои израелските безбедносни сили ги држеле во заробеништво на непознати локации 30 до 55 дена, изјави Сунгај на новинарите во Женева, преку видео врска од Појасот Газа.

Претставникот на ОН кажа дека штотуку се сретнал со ослободените затвореници во опколената енклава.

-Има извештаи за ослободување мажи, но само во пелени, без соодветна облека на ова студено време, откри тој дел од сведоштвата на заробените луѓе.

Израелската војска и владата не беа достапни за првичен коментар за обвинувањата на Сугај.

Канцеларијата на портпаролот на израелската војска претходно соопшти дека израелските сили ги третираат затворениците во согласност со меѓународното право и дека тие често мора да ја предадат облеката за да се провери дали има оружје или експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот