Оливија Вајлд била толку пијана што не се сеќавала на освојувањето на Оскар! – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Оливија Вајлд била толку пијана што не се сеќавала на освојувањето на Оскар!

Познатата актерка признала дека Оскарот ѝ е во „магла“.

Оливија Колман изјавила дека „не се сеќава“ на освојувањето Оскар, бидејќи била премногу пијана. Колман која освои награда за најдобра актерка со улогата во филмот „Миленичка“, откри дека била „пијана“ кога го одржала својот незаборавен говор на церемонијата за доделба на Оскарите. Кога гостувала во емисијата The Graham Norton Show, Колман рекла: „На тоа не можам воопшто да се присетам“, додавајќи „Прекрасна работа за доделба на Оскарите е тоа што позади гледиштето се наоѓа бар, па сите се таму. Таму има стотина души што седат, па сите доаѓаат во барот да се напијат“.

Колман моментално ја промовира третата сезона на серијата „The Crown“ која се емитува на Нетфликс, во која ја наследи Клери Фој во улогата на Кралицата Елизабета Втора. Таа раскажала и непријатна случка во средбата со принцот Вилијам на една вечера. „Тоа не пројде добро“, рекла таа. „Го запознав и тој ме праша што работам, за момент подоцна да додаде дека всушност знае што правам“. Колман додала и дека го прашала дали ја гледал серијата на што тој одговорил „Не“.

Третата сезона на серијата „The Crown“ се прикажува на Нетфликс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close