Олимписка титула со светски рекорд за Шонмакер

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Јужноафриканката Татјана Шонмакер го освои златниот рекорд на трката на 200 метри градно притоа поставувајќи нов светски рекорд.
24-годишната пливачка уште во квалификациите навести дека е подготвена за голем резултат, а во финалето делницата од 200 метри ја исплива за 2:18.95 минути со што го собори светскиот рекорд на Рике Пердерсен од 2013 година. Шонмакер стана првата жена во историјата која оваа делница ја исплива под 2:19 минути, а светскиот рекорд го подобри за 16 стотинки. На победничкиот пиедестал се најдоа уште две Американки, сребрената Лили Кинг и бронзената Ени Лазор.

Олимписки рекорд пак постави австралиската пливачка на 100 метри, Ема Мекион. Таа до златниот медал на трката на 100 метри слободно триумфира со време од 51.96 секунди и зад себе ги остави Бернадет Сиобан и Кејт Кемпбел.
Олимписки рекорд беше соборен и во финалната трка на 200 метри грбно во машка конкуренција. Најдобар резултат во историјата на Олимписките игри постави Русинот Евгени Рилов со 1:53.27 минути кој дојде до второто олимписко злато, откако прертходно победи и на трката на 100 метри грбно. Сребрениот медал му припадна на Американецот Рајан Марфи, додека брозаната ја освои Британецот Лук Гринбанк.


Кинезот Шун Ванг стана олимписки шампион на 200 метри мешано. Тој до златниот медал дојде со нов рекорд на Азија од 1:55.00 минути, а второто место го освои Британецот Данкан Скот, додека трет беше Џереми Деспланше од Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот