ОХРИДСКА УСЛУГА: Што ќе ти е фискална? Не секирај се, памтам јас!

Сезоната во македонскиот бисер Охрид е при крај, но како и од почетокот и сега цената на лежалките е изгор, пишува читател на „Слободен печат“.

За “сува” лежалка, на една од плажите, поточно за две лежалки и чадор се наплатува 150 денари од човек или за двајца 300 денари.

Кога побаравме фискална сметка или нешто слично, доколку дојдат повторно да ни побараат пари за лежалката, добивме одговор:

– НЕ секирај се, памтам јас!

Во ред ти што памтиш, но што правиме со фискалната сметка за услугата што ни ја наплатуваш?
На плажата има околу 50-тина лежалки, тоа се 7.500 денари на ден или за 30 дена тоа се 225.000 денари (или околу 3.700 евра) за кои, според неиздавањето на фискална сметка, е “добра” сума која завршува во џебот на концесионерот на плажата, пишува нашиот читател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот