Огњен Амиџиќ се венчал во тајност со својата бремена партнерка: Сакавме тој чин да остане само за нас

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата помлада избраничка Мина Наумовиќ се венчале во тајност. Откако се проширија гласините во српските медиуми, водителот се огласи и откри дека сакале сè да помине без врева и самиот чин да остане само за нив.

„Вистина е, се венчавме. Сакавме да биде без врева и чинот да остане само за нас. Веќе бевме во брак, сега е само на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го има моето презиме, она што го остави на Инстаграм и своето – ве лаже, знаеш“, изјавил Огњен за „Блиц“.

Инаку, српскиот водител и неговата избраничка Мина наскоро ќе станат родители. Тие ја започнаа врска откако Огњен се разведе од Данијела Димитровска. Откако ја објавија радосната вест дека ќе станат родители, веднаш започнаа и заеднички живот.

„Посреќни сме од кога било“: Огњен Амиџиќ потврди дека чека бебе со новата девојка

ФОТО | Огњен Амиџиќ има нова љубов: Вака изгледа новата партнерка на популарниот водител

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот