Официјално: Конте не е повеќе тренер на Интер

epa09172081 Inter's heac coach Antonio Conte reacts during the Italian Serie A soccer match between FC Crotone and FC Inter at Ezio Scida stadium in Crotone, Italy, 01 May 2021. EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Вечерва миланскиот клуб потврди дека ја прекинува соработката со досегашниот тренер Антонио Конте. Интер му се заблагодарува на човекот кој ја водеше екипата до титулата оваа сезона во италијанската Серија А.

Според новинарот Фабрицио Романо, главната причина за разделбата била тоа што сопствениците на клубот не сакале да ги слушаат желбите на италијанскиот тренер околу засилувања.

Се очекува Конте да добие седум милиони евра за последната година од договорот. Шпекулациите велат дека нов тренер на „нераѕурите“ ќе биде Симоне Инзаги кој досега го водеше Лацио.

Конте имаше желба да ангажира неколку нови играчи и направи јасен проект за следната сезона, но проблем е тоа што Интер нема доволно пари и ќе мора да продава играчи вредни барем 80 милиони евра за да ги пополни „дупките“.

Не се знае кој ќе биде новиот клуб на Конте, можно е да се пресели во Премиер лигата и седне на клупата на Тотенхем чија клупа остана „празна“ по заминувањето на Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот