Официјално: Мајк Тајсон ќе ги вкрсти ракавиците со Џејк Пол пред 80.000 гледачи

Фото: Screenshot

Од САД пристигна потврда, договорен е боксерски меч во кој во јули ќе се соочат Мајк Тајсон и Џејк Пол.

Борбата помеѓу Тајсон и Пол ќе се одржи на стадионот на НФЛ тимот Далас Каубојс кој може да собере 80.000 гледачи и се очекува да биде полн. Познат е и датумот 20. јули, а истата ќе биде во организација на „Нетфликс“.

Очекувањата се двајцата борци да поделат по најмалку 100 милиони долари. Тајсон е поранешен светски шампион и еден од најпознатите во историјата на овој спорт. Во професионалната кариера од 1985 до 2005 година оствари скор од 50 победи и шест порази, а во рингот се врати во 2020 година кога неговата борба против Рој Џонс заврши нерешено по осум рунди.

Од друга страна 27-годишниот Пол се прослави како јутјубер и професионално боксува од 2020 година. Во десет борби досега запиша девет победи, единствениот пораз му го нанесе Томи Фјури.

Додека Тајсон на социјалните мрежи само кратко објави дека ќе се врати во рингот, Пол даде свое опширно мислење за борбата. Тој наведе дека ова ќе биде најголема борба на 21-век и дека судирот со „најопасниот“ човек на планетата му е уште еден чекор напред кон титулата светски шампион.

„Време е да го испратам Ајрон Мајк на спиење“, заклучи самоуверениот Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот