Официјално: Кјелини потпиша нов договор со Јувентус

Џорџо Кјелини вкупно 17 години го носеше дресот на Јувентус/Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Капитенот на Јувентус и репрезентацијата на Италија ја продолжи соработката со „Старата дама“ која ќе трае до 2023 година.

Искусниот дефанзивец Џорџо Кјелини е играч на Јувентус од 2005 година и уште две години ќе биде капитен на клубот од Торино.

Тој имаше клучен придонес летово во големиот успех на неговата репрезентација на патот кон титулата на Европското првенство. А се очекува со неговите репрезентативни колеги да учествува и на следниот Мундијал кој ќе се одржи во 2022 година.

Севкупно за неговата екипа има 404 настапи и запиша 27 голови. Во кариерата ги бранеше уште боите на Ливорно и Фиорентина, беше дел и од Рома, но без минутажа.

Со Јувентус успеа деветпати да ја освои Серија А, и по петпати Купот и Суперкупот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот