Официјално: Ферстапен го продолжи договорот со „Ред Бул“

Макс Ферстапен до 2028 година ќе биде Ф1 возач на „Ред Бул“/ фото: EPA-EFE/Ali Haider

Холанѓанецот ќе заработува помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно, што е еден од најголемите договори во историјата на Формула 1.

Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен го продолжи договорот со „Ред Бул“ кој ќе трае до 2028 година.

Веќе имаше договор до 2023 година, а од тимот официјално соопштија дека за уште пет години е продолжена соработката.

– Го сакам овој тим, а минатата сезона беше едноставно неверојатна. Откако сме заедно, од 2016 година, наша цел беше да ја освоиме титулата, а сега тоа го направивме. Сега целта е долгорочно да бидеме број еден – вели Ферстапен.

Директорот на „Ред Бул“, Кристијан Хорнер изјави дека целта на Ферстапен е да ја одбрани титулата и дека овој договор покажува дека холандскиот возач е дел од долгорочните планови на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот