Официјално: Црвена Звезда е старо-нов шампион на Србија

Фото: ФК Црвена Звезда

Црвена Звезда и официјално со денешната победа против ТСЦ Бачка Топола од 4:1 е старо-нов шампион на Србија.

Белградскиот гигант до титулата стигна убедливо со 23 бода предност во однос на најблискиот ривал. Треба да се знае дека со титулата Звезда обезбеди и директно учество во групната фаза од Лигата на шампионите.ж

ТСЦ стигна до водство по само 20 минути игра со голот на Ѓаковац, но Звезда до паузата успеа да изедначи, а потоа во вториот дел да постигне и уште три гола за победа. Букари беше стрелец на хет-трик, а еден постигна Гејлор Канга.

На шест кола пред крајот Звезда има 85 бода, а откако титулата им е обезбедена ќе имаат предизвик да стигнат до бројката од 100 бода. За такво нешто потребни им се пет победи во последните шест натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот