Одржана традиционалната Дедомразовска трка во Скопје

Дедомразовска трка / Фото: Фејсбук/Прв до врв

Денеска напладне во Скопје се одржа традиционалната Дедомразовска трка во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Стотици учесници во дедомразовски костуми трчаа низ главниот град на патека во должина од два километри.

Организаторите информираа дека, покрај натпреварувачкиот, трката има и забавен карактер и на неа учествуваа и деца во придружба на родители.

Учесници од сите генерации беа дел од трката што се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а забележливо беше и присуство на голем број граѓани кои дојдоа да ја проследат трката на Дедомразовците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот