Одложена посетата на кралот Чарлс во Франција поради тамошните протести

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата.

Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх.

Предвидено беше посетата да трае три дена.

Со оглед на вчерашната најава за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс, закажана од 26 до 29 март, ќе биде одложена, се наведува во соопштението на Елисејска палата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот