Одбраната ќе го реши победникот

Вардар во полуфиналето на ракометниот фајнал фор турнирот во Келн ќе игра против Барселона, а еден од клучните фактори кои ќе го дадат финалистот е играта во одбраната.

– Мислам дека одбраната ќе биде клучен фактор за дуелот со Вардар. Доколку одиграме на очекуваното ниво, а голманите ни овозможат контра напади, имаме добри шанси да го победиме Вардар – вели специјалистот за одбрана во Барселона, Тиаго Петруш Гонкалвеш Дос Сантос.

Екипата на Вардар која трета година по ред е дел од завршниот турнир во Келн е сериозен противник кој заслужува максимален респект. Згора на тоа, во 2017 година, Вардар на патот кон титулата, во полуфиналето ја совлада токму Барселона, а во финалето беше совладан и ПСЖ.

– Вардар заслужува голем респект. Станува збор за тим што е микс од сила и од интелигенција, што го прави многу опасен за противниците вели Петруш во интервјуто за официјалниот сајт на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот