Одбиена е eдинствената понуда за закуп на Железарата во Никшиќ

Понудата на швајцарската компанија 8Б Капитал за закуп на железарницата Никшиќ е одбиена со одлука на комисијата. Комисијата е составена од претставници на Електропривреда (ЕПЦГ), Железара и ресорното министерство.

Претставникот на споменатата швајцарска компанија Игор Шамиз доставил документ заверен на нотар во кој наведува дека гарантира уплата од 150.000 евра доколку 8Б Капитал победи на тендерот, пренесува Побједа. Во понудата стои и дека инвеститорот планира вкупни инвестиции вредни пет милиони евра во првите шест месеци. Комисијата по разгледувањето на документацијата ја соопшти конечната одлука.

Врачар рече дека понудата е незадоволителна и дека швајцарската компанија не обезбедила, како што барале, банкарски гаранции. Врачар рече дека EПЦГ ќе продолжи да бара партнер за Железара и дека наскоро ќе понуди прелиминарен предлог за договор на сите заинтересирани партнери, пишува „СЕЕ.биз.еу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот