Од вторник 50 нови пунктови во Србија за имунизација без закажан термин

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек посочи дека покрај постоечките 11 места, од вторник ќе се отворат 50 нови пунктови за вакцинација во Србија, каде што граѓаните ќе можат да се имунизираат без да закажат термин.

Тој додаде дека досега 1.435.000 граѓани ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, и дека 1.017.000 граѓани биле реакцинирани.

„Целосно имунизирани се 651.000. Продолжуваме со брзата имунизација. Луѓе морате да сфатите дека спасот за излез од оваа ситуација е брзата вакцинација“, вели Ѓерлек.

Тој додава дека проблемот не е во вакцините, туку во нив.

„Проблемот не е во вакцините, туку во нас. Ќе имаме вакцини од сите производители, ќе ги има за сите што сакаат да се вакцинираат. Не чекајте на повикот, тие ќе ве примат во секој момент, бидејќи сега брзината и масата на вакцинирање се важни ако сакаме да одиме на одмор во текот на летото“, рече државниот секретар.

Тој додаде дека милионски дози на вакцини ќе пристигнат во Србија во месец април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот