Од вечерва заострени мерки во дел од БиХ: „Полициски час“ во Кантон Сараево од 21 часот до 5 часот наутро

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Кантонот Сараево, од вечерва стапуваат во сила заострени рестриктивни мерки, па „полициски час“ наместо од 23 часот ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Оваа и други заострени мерки ќе бидат во сила следните 15 денови.

За време на тој период, според одлуката на кантонската Влада, ќе бидат затворени сите угостителски објекти, а ќе биде дозволена достава на храна. Се продолжува важењето на сите досега донесени мерки во тој Кантон, како што се задолжително носење заштитна маска на отворени и затворени простори, држење физичка дистанца, забрана за собири и без физичко присуство на настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот