Од утре забрана за движење во шуми во периодот од 6 до 20 часот

Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Од утре се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор.

Забраната ќе важи од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми”.

Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми” и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми”, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми”.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Се забранува и палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор. За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот