ОД НИШ ДО СОЛУН ЗА ТРИ ЧАСА: Се отвора автопатот што ги поврзува Србија и Македонија

автопат
Илустрација

Денеска се отвора автопатот од Коридорот 10 кој минува низ Грделичката Клисура во Србија, со што оваа држава веќе е целосно поврзана со автопат со Македонија.

На свеченото отворање ќе биде присутен и премиерот Зоран Заев, на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Со новиот автопат се скратува времето на патување, а мотото на настанот е „од Ниш до Солун за три часа“.

Оваа делница е особено важна за оние кои патуваат преку Србија и Македонија кон Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот