Од Газа истрелани две ракети кон Тел Авив, нема жртви

/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестински бунтовници во Газа денеска истрелаа две ракети кон Средоземното Море, предизвикувајќи експлозија во близина на брегот на Тел Авив, потврди израелската армија.

Полицијата соопшти дека во нападот нема жртви, ниту е причинета материјална штета.

Засега ниту една од палестинските милитантни групи не ја презела одговорноста за истрелувањето на ракетите.

Административната граница меѓу Израел и Газа беше главно мирна по 11-дневната војна во мај, но израелската армија во средата објави дека артилериски напади биле насочени кон воени цели на Хамас, како одговор на претходниот инцидент од Газа, при што бил повреден еден Израелец.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот