Од 300 палестински затвореници на израелскиот список, дури 274 се мажи

Знамето на Палестина/ Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Израелското Министерство за правда објави список со 300 палестински затвореници кои би можеле да бидат ослободени согласно договорот со Хамас.

Повеќето се на возраст од 17 или 18 години, во рамки на старосна граница од 14 до 59 години. Најголемиот дел од приведените – 274 од 300, се мажи.

Наведени се и прекршоците на приведените. Тие вклучуваат „обид за убиство, фрлање бомба, создавање експлозив или запалив предмет, фрлање камења, контакт со непријателска организација, тешки телесни повреди и палење на националистичка основа“.

Според договорот, во првата фаза се очекува да бидат ослободени само 150 затвореници.

Катар, кој посредуваше во договорот меѓу Израел и Хамас, претходно соопшти дека „број на палестински жени и деца приведени во израелските затвори“ ќе бидат ослободени во замена за 50 заложници.

Претставничка на Хјуман рајтс воч вчера за Би-Би-Си изјави дека има речиси 7.000 Палестинци во израелски притвор, вклучувајќи 200 жени и околу 60 деца.

Некои од децата биле приведени за „релативно помали прекршоци како фрлање камења“, изјави програмската директорка на ХРВ Сари Баши за програмата „Њузаур“ (Newshour).

Таа додаде дека палестинските деца подлежат на воениот закон, според кој се случило да „се апсат среде ноќ (…) да се испрашуваат без нивните родители или адвокат, и да се држат долги временски периоди за релативно помали прекршоци“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот