Од 1 ноември поголеми плати во СРБИЈА: Еве колку ќе добијат просветните работници, лекарите…

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ најави зголемување на платите во земјата од 1 ноември од 8 до 15 отсто, а најголеми ќе бидат во здравство.

На медицинските сестри платите ќе им бидат поголеми за 15, на лекарите за 10 отсто, изјави Брнабиќ на конференција за медиумите.

Поголеми за 9 отсто ќе бидат платите во образованието, судството и обвинителството, вработените во установите за социјална заштита и припадниците на службите за безбедност, вработените во државната управа ќе добијат зголемување за 8 отсто.

„Горда сум што денес можам да кажам дека на седница на владата го усвоивме предлогот за позитивен ребаланс на буџетот и тоа ќе го проследиме вечерва на одлучување во Собранието. Ребалансот во минатото секогаш беше во негативен контекст. Ова е прв позитивен ребаланс во историјата на Србија и тоа значи дека го имаме не затоа што ги зголемивме расходите, туку затоа што ги зголемивме приходите кои се поголеми од очекуваното. Така што сакаме да им вратиме нешто на граѓаните на Србија“, рече Ана Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот