Обвинувања од Велика Британија: Кина крие информации за коронавирусот

Британскиот министер Мајкл Гов ја обвини Кина дека ги прикрива вистинските информации за ширењето на коронавирусот, пренесува Спутник.

„Првиот случај на вирусот е регистриран во Кина во декември минатата година, но извештаите од Кина и тогаш беа непотполни, без јасни наводи за потеклото и тоа колку има заразени, рекол Гов.

Гов се огласи додека траат обвиненијата дека владата во Велика Британија сака да ја искористи Кина како „жртвено јаре“ за да го оправда неуспехот на владата да го забрза тестирањето на коронавирусот.

Британија достигна тестирање на 70.000 лица неделно, а Германија спроведува 500.000 тестови во истиот период.

„Најважно е да се гледа напред, правиме се што можеме за да го зголемиме бројот на тестови“, рекол Гов.

Тој се надева дека кога ќе заврши „страшната“ пандемија на коронавирусот „ќе има прилика да се свртиме назад и да научиме лекции од тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот