Обрадовиќ нов тренер на Црвена звезда

EPA/ANTONIO BAT

Довчерашниот тренер на Монако, Саша Обрадовиќ е наследникот на Драган Шакота на клупата на „црвено-белите“.

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Саша Обрадовиќ, се враќа во клубот во кој ја започна кариерата, но сега во поинаква улога, како тренер.

– Одлуката да го напуштам Монако беше тешка, но не можев да одолеам на предизвикот и понудата на Црвена звезда, а тоа е натпреварување на највисоко ниво во Евролигата и да работам во родниот град – изјави Обрадовиќ.


Тој доаѓа на местото на Драган Шакота кој денеска го раскина договорот во „црвено-белите“.

Обрадовиќ кој е поранешен репрезентативец на Србија, во тренерската кариера ги предводеше екипите на Келн, Киев, Туров, Доњецк, Алба Берлин, Локомотив Кубан и Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот