ОБОЈ ГО УМОТ: Дизајнерката Ирина Тошева ја претстави летната колекција

Преку артистички едиторијал со моќна порака, дизајнерката Ирина Тошева ја претстави летната колекција „Eunoia“.

[foogallery id=”35653″]

Во годината кога гласно се зборува за важноста на менталното здравје, есенцијалната улога на уметноста во емоционална благосостојба на секоја индивидуа е инспирацијата за летната колекција.

Новата модна приказна на дизајнерката е обоена во пастелни нијанси, лесни и плисирани материјали и лелеави кроеви, оживеана во сликарско ателје од моделката Фјола Брестовци, пред објективот на Александра Костадиновска. Шминката е на Виктор Мирчевски, фризурата на Дарко Петковски (Hairhouse), чевлите се од marwell.mk.

„Креативниот процес на создавање уметнички дела ја подобрува физичката, ментална и емоционалната благосостојба, независно на возраста. Со создавање на уметност врз основа на сопствените чувства, мисли, идеи и фантазии, наместо фокусирање на уметничките вештини може да се прејде преку најразлични емоции како трауми, страв, анксиозност, стрес, бес. Затоа, земи ја четката и обој го „умот“, изјави Тошева.

Колекцијата од денес е достапна во ателјето на дизајнерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот